Индијана фантастична против Оклахома, ќе има седми меч во НБА финалето (ВИДЕО)

165

Со конечни 108:91, тимот на Индијана синоќа направи подвиг на свој терен и ја совлада Оклахома, израмнувајќи во големото НБА финале на 3:3 со што направи да има седми натпревар во оваа серија.

Индијана на најдобар можен начин покажа дека не е случајно во ова големо финале и не му дозволи на противникот на гостински терен да го подигне пехарот. Напротив, три четвртини буквално ги одигра во еден здив, поведе со триесет поени разлика,  по што во последната делница гостинот не се ни обиде да направи нешто. Туку, на терен ја испрати резервната петорка, и почна да се подготвува за седмиот меч.

Никој не очекуваше ваков развој на настаните. Домашните поведоа со 10:2, а во раниот период од дуелот Ти Џеј Меконел беше движечка сила. Му се придружија Тајрис Халибартон, и Паскал Сијакама, за да веќе во втората четвртина Индијана има над дваесет поени предност.

Најдоброто нешто во продолжение што го направи Оклахома е што дојде со минус 19 поени но синоќа едноставно ова беше тим кој што не можеше да му конкурира на противникот.

Оби Топин кај Индијана најјефикасен со дваесет поени, Нембхрад дојде до 17, а Сијакам до 16 поени и 13 скока.

Гилџес Александер стигна до 21. поен, но неговиот учинок синоќа на терен реално беше разочарувачки.

ПретходноМеси со мајсторија му донесе важна победа на Интер (ВИДЕО)
СледноБотафого одигра „бразилска самба“ против ПСЖ (ВИДЕО)