Потврдено: Адеми го раскина договорот со Динамо Загреб!

154

Аријан Адеми, легендата на Динамо Загреб не е веќе член на “модрите“. Имено тој и раководството на хрватскиот гигант се договориле за предвреме раскин на договорот, како што и се најавуваше.

Сепак нашиот некогашен репрезентативец нема да остане без клуб, набргу следува потпис со Ујпешт, еден од најголемите клубови во Унгарија, каде што тренер е Дамир Крзнар, некогашниот стратег на Динамо Загреб.

Адеми во Динамо беше од 2010 година, кога дојде од Шибеник. Освен една нецела сезона играње во Кина, Адеми беше постојано во Динамо, стана легенда на овој клуб, најтрофејниот играч на хрватскиот и балкански гигант.

За Динамо вкупно одигра 420 натпревари, притоа постигна 27 голови и забележа 24 асистенции.

ФОТО: ГНК Динамо/ФБ

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА ГЕНЕРАЛEН СПОНЗОР НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС
СледноУште еден голем гест на ФФМ: Се донираат 2000 топки во сите Општински фудбалски сојузи!(ФОТО)