23-годишниот Марко Алчевски од Израел се сели во Србија. Според последните информации, Алчевски кој има 17 настапи за младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година и се уште чека прв сениорски настап, следната сезона ќе го брани голот на српскиот прволигаш ОФК Београд.
Алчевски му се придружува на нашиот репрезентативен бек Стефан Деспотовски, кој веќе една полусезона мина во редовите на белградскиот состав. Алчевски минатата сезона ја помина во екипата на Хапоел Ерусалим, од каде сега се сели на позајмица во ОФК Београд.
Минатата сезона Алчевски имаше само два настапи на голот на Хапоел Ерусалим.