Барселона ќе има “атомски“ напад: По Нико Вилијамс доаѓа уште една голема ѕвезда?!

857

Се чини, барем така велат најновите информации од Барселона, за наредната сезона каталонската гордост, ќе има “атомски“ напад. Имено Нико Вилијамс е “стара приказна“, тој е пред промоција во таборот на шпанскиот шампион, а гласините велат дека стратегот Ханси Флик ќе го добие и Маркус Рашфорд. Интересно е тоа што Англичанецот е желба токму на германскиот стратег.

По ова фановите на Барса се воодушевени и веднаш се прават како тоа ќе изгледа нападот на нивниот тим.

Тука би биле Јамал, Левандовски, Рафиња, Вилијамс, Рашфорд, Олмо, Феран Торес…

Уф, дали Барселона ќе го најдобриот напад во светот?

Рашфорд ќе ја чека Барселона колку што треба, не сака да се врати во Манчестер Јунајтед откако му заврши позајмицата во Астон Вила, а нема да прави проблем и ако добива помала годишна плата од таа во Јунајтед.

Еве шанса за Барселона да се засили со уште една голема ѕвезда на светскиот фудбал.

ПретходноАрда Туран е нов стратег на Шахтјор Доњецк
СледноПоранешниот холандски репрезентативец може да заглави во затвор и до 20 години