Главчев покрена иницијатива за укинување на “Северна“ од името на Кошаркарската федерација!

270

Новото раководство на Кошаркарската федерација, предводено од претседателот Томица Главчев, вчера на седница на УО покрена иницијатива за укинување на тоа “Северна“ од името на федерацијата. Познато е дека сега федерацијата е насловена со КФСМ, па токму затоа Главчев иницираше постапка за укинување на “Северна“.

На денешниот состанок на Управниот одбор, Главчев побара размислување од членовите на Управниот Одбор за промена на називот на Федерацијата од: Кошаркарска Федерација на Северна Македонија, во Македонска кошаркарска федерација, како што беше претходно, или Национална кошаркарска Федерација“ велат од федерацијата за тоа што се случувало на вчерашната седница УО поврзано со името на Кошаркарската федерација.

Колку за потсетување. Тоа “Северна“ во името на КФМ беше ставено како една од последните одлуки за време на претседателствувањето на Пеце Наумоски.

ПретходноУО на КФСМ: Од сезоната 2026/27 елитната лига ќе се намали на 10 клубови, ќе се воведе правило за двајца домашни кошаркари!
СледноРК Пелистер и Ивиќ и официјално се разделија!(ФОТО)