Луис Енрике: Ботафого е најсилниот наш противник сезонава

178

Тимот на Ботафого е темата за која што се зборува утринава во фудбалскиот свет. Бразилскиот состав во рамките од Светското клупско првенство кое се одржува во САД го совлада ни помалку ни повеќе туку актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите, тимот на ПСЖ.

Со минимални но заслужени 1:0 во кои единствениот гол го постигна Игор Жезус во 36. минута.

По дуелот, стратегот на ПСЖ, Луис Енрике даде интересна изјава во која го апострофираше противникот како најсилниот со кој се соочил во изминатава сезона.
„Ботафого е тимот кој против нас најдобро се бранел. Тука мислам и на противниците од Лигата на Шампионите и Лига 1. Се бранеа во низок блок, беа хомогени, сконцентрирани и не ни дадоа простор за да создадеме шанси“ – изјави Луис Енрике.

Оваа негова изјава се базира очигледно и на факти кои велат следново. Одбраната на Ботафого имаше вкупно седум изблокирани удари, 47 одстранувања на опасност, и осум чисти одземени топки.

Претходно“Модрите“ со порака до Адеми: Драги Аки, ти благодариме! Вратата на Динамо засекогаш е отворена за тебе! (ФОТО)
СледноЈакуп Бериша со трансфер во Феризај!