Мајорка заинтересирана за потписот на Столе Димитриевски

149

Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, е на радарот на Мајорка, известува новинарот Матео Морето. 31-годишниот Димитриевски е на излезна врата од Валенсија, откако тренерот на „лилјаците“ Карлос Корберан најави дека нема да смета на него.

Мамардашвили замина за Ливерпул, но тренерот на Валенсија, Карлос Корберан, одлучи да ја засили голманската позиција со Хулен Агирезабала, кој одлучи да ја напушти клупата на Атлетик Билбао и да дојде во Валенсија за да биде прв голман.

Уште вчера шпанските медиуми најавија дека нашиот голман ќе биде ставен на трансфер листа. Останува да видиме дали Мајорка ќе успее да го донесе Димитриевски на Балеарските острови.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул го претстави најскапото засилување во историјата
СледноЗубименди одлета за Лондон, наскоро потпис со Арсенал