Официјално:Димитар Капинковски на клупата на Пелистер!(ФОТО)

93

Од денеска Пелистер има нов шеф на струката. Тоа е Димитар Капинковски, кој доаѓа на местото на Срѓан Захариевски, со кого раководство на битолчани не ја продолжи соработката.

Во “игра“ беа уште неколку имиња за стратег на Пелистер, но сепак одлуката е токму на Капинковски да му се довери тимот од Битола, и еден од нашите најголеми фудбалски клупски брендови.

ФК Пелистер од денес има нов шеф на стручниот штаб. Димитар Капинковски ќе го води нашиот тим во сезоната 2025/26 во обид да го продолжи развојот на клубот по враќањето во Првата лига. Селекторот на македонската репрезентација до 18 години доаѓа на местото на Срѓан Захариевски и се обврза на договорот до крајот на сезоната.

За 50-годишниот Капинковски ова е враќање во матичниот клуб, каде што ја започна тренерската кариера. Потоа Капинковски ја водеше Победа, а работеше и во грузискиот клуб Самтредиа.

Прпзивката на новиот тренер е закажана за 30 јуни. Планот на подготовки ќе биде подготвен наскоро. се вели во официјалното соопштение на ФК Пелистер.

ФОТО: ФК Пелистер/ФБ

ПретходноРК Пелистер и Ивиќ и официјално се разделија!(ФОТО)
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА ГЕНЕРАЛEН СПОНЗОР НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС