Денес и официјално екипата на Ливерпул го објави трансферот на најскапото засилување во историјата на англискиот клуб, Флоријан Вирц. За потписот на германецот Ливерпул уздвои дури 136 милиони евра, вклучувајќи и бонуси.
„Многу сум среќен и горд. Чекав долго време – и сега конечно се случи, навистина сум пресреќен. Возбуден сум за оваа нова авантура која што е пред мене. Сакав да пробам нешто сосема ново, да ја напуштам Бундеслигата и да заиграм во Премиер лигата. Се надевам дека ќе го дадам најдоброто од себе. Разговарав и со некои фудбалери кои играа таму и ми рекоа дека е совршено место за мене, таму можеш да уживаш во секој натпревар. Со нетрпение го очекувам мојот прв натпревар“-изјави Вирц.
22-годишниот фудбалер за врска е најскапото засилување во историјата на Ливерпул, но и во историјата на Премиер Лигата.