Карлос Куеста од синоќа и официјално е нов тренер на тимот на Парма. Замената за Кристијан Киву кој се пресели во Интер, има само 29. години и е вториот најмлад тренер кој ќе води тим од Серија, а во целата историја на оваа лига.
Шпанецот на дебито на клупата на Парма, ко е закажано за 24 август против Јувентус ќе има точно 30 години и 26 дена. Единствениот тренер кој бил помлад од него, а водел тим во Серија А, е кормиларот на Триестина Елио Лоски кој што застанал на чело на тимот на 28 мај 1939 година. На возраст од 29 години, 9 месеци и 20 дена.
Куеста пак во моментов е најмладиот тренер во топ пет лигите во Европа. Ова за него е прво професионално искуство како прв тренер, откако мина пет години како помошник на Микел Артета во Арсенал.