Пионерките поразени и од турција на БП во Црна Гора

20
фото: balkanvolleyball.org

Втор загубен натпревар во вториот меч на БВА Балканскиот шампионат У16 во Плевља за пионерките на Македонија во дуелот со Турција, 0:3 (10:25, 17:25, 15:25). Турчинките се покажаа како пресилен ривал за нашите млади надежи.

Македонија како и вчера против Црна Гора, имаше лошо отворање на дуелот, и скоро цел прв сет се обидуваше да ја стабилизира својата игра. Посериозен отпор тимот на селекторот Горан Славков понуди во вториот и третиот сет.

Македонија утре во третото коло ќе се соочи со Грција, во 15:30 часот, во спортскиот центар „Ада“ во Плевља.

ПретходноНатпреварот помеѓу Бенфика и Оукленд прекинат поради обилни врнежи
СледноОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул го претстави најскапото засилување во историјата