Пораз од Израел пред празни трибини, Црна Гора последна шанса за втора победа

131

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе нов пораз во Златната лига на ЦЕВ, откако вечерва пред празни трибини во салата „Парк“ во Струмица, загуби со 3:0 од селекцијата на Израел. Противникот го потврди статусот на прв кандидат во трка за медалите, откако вечерва ја продолжи серијата победи остварувајќу и петти триумф со кој се искачи на врвот на табелата.

ИЗРАЕЛ – МАКЕДОНИЈА    3:0 (25-22, 25-16, 25-18)

Ние лошо го отворивме мечот. Израел поведе со 4:0, а потоа успеа да ја зголеми предноста и до +7 (12:5) и беше јасно дека ќе биде екстремно тешко да се вратиме во игра. Сепак, во финишот на првиот сет искористивме мал кризен период на противникот и успеавме да ја стопиме негативата на само еден поен (20:19), но искуството и квалитетот на противникот повторно дојде до израз и Израел со 25:22 дојде до водство од 1:0. Бачкала беше нерешлива енигма за нас, откако сетот го заврши со 7 освоени поени, додека кај нас Љафтов одржуваше ниво со 6 поени.

Во вториот сет ист почеток, со тоа што усевавме во текот на целиот сет да одржиме некоја пристојна негатива од 3-4 поени. Израел во финишот засили и не остави на само 16 освоени поени за водство од 2:0.

Иако имавме надеж дека работите можат да тргнат на подобро во третиот сет, сепак, Израелците ги осуетија нашите намери и со квалитетна игра не дозволија да ги изненадиме.

љафтов со 12 и Никола Ѓоргиев со 10 поени беа најефикасни во нашиот табор, додека кај Израел доминираше триото Рура (14), Голдрин (13) и Бачкала (12).

В недела ние ќе го одиграме последниот меч во Златната лига за оваа сезона против Црна Гора, кој треба да послужи како дел од финалната подготовка пред августовските квалификации за ЕП 2026.

ПретходноОмерагиќ оствари средба со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино
СледноБуфон не дозволил Мурињо да стане нов селектор на Италија