Фудбалерите на Челзи направија голем „кикс“ во второто коло од натпреварите на Светското клупско првенство, откако вечерва беа поразени со 3-1 од Фламенго во Пенсилванија. Бразилскиот тим направи чудесен пресврт во второто полувреме за да се пласира во следната фаза.
Три минути беа доволни за Бразилците да го турнат на колена актуелниот шампион во Конференциската лига. Португалецот Педро Нето повторно постигна гол вечерва откако во 13-тата минута го доведе Челзи во водство од 0:1.
Фламенго израмни во 62-та минута откако Бруно Енрике рутински ја смести топката во мрежата на лондончани, а само три минути подоцна се случи голем пресврт. Овој пат Бруно Енрике се најде во улога на асистент, а реализатор беше Данило.
Целосниот колапс на Челзи во второто полувреме најдобро беше илустриран со необјаснивиот црвен картон што му беше даден на Џексон, кој беше испратен во соблекувалната откако го шутна противникот. Мареска се обиде да го размрда тимот со двојна замена, но Челзи прими уште еден гол пред крајот на натпреварот откако Валас Јан ја запечати судбината.
Во вториот натпревар од вечерта, фудбалерите на Бенфика остварија убедлива победа против слабиот Оукленд со 6:0. На натпреварот одигран во Орландо, каде што пороен дожд предизвика натпреварот предвреме да биде прекинат, португалскиот великан покажа дека во моментов е далеку над својот противник.