Ботафого одигра „бразилска самба“ против ПСЖ (ВИДЕО)

624

На легенрадниот Роуз Боул стадион во Лос Анџелес, тимот на Ботафого од Бразил направи вистинско изненадување во рамките од Светското клупско првенство победувајќи го сега веќе актуелниот европски шампион и освојувач на Лигата на Шампионите, тимот на ПСЖ со мининални 1:0.

Олигледно дека Ботафого сериозно си ја сфати задачата за овој турнир, па одигра прекрасен дуел во кој сосема го заслужи триумфот.

Херојот на бразилскиот состав се вика Игор Жезус кој што погоди во 36. минута. Кварацкелиа имаше ситуација да погоди за ПСЖ во првиот дел, но не успеа да го стори тоа, исто како што не успеаа ниту неговите соиграчи во вториот дел.

Во вториот дуел од оваа група Атлетико Мадрид немаше поголеми проблеми со тимот на Сиетл Саундерс и триумфираше со 1:3. На два пати Бариос и еднаш Витсел, погодија во противничкаѕта мрежа.

Ботафого по две кола има шест бодови, додека ПСЖ и Атлетико Мадрид по три.

 

ПретходноИндијана фантастична против Оклахома, ќе има седми меч во НБА финалето (ВИДЕО)
Следно„Сапуницата“ ќе трае повеќе од планираното…. Нико Вилијамс нема да се појави на подготовките во Билбао