Видеолотарија Касинос Австрија и годинава со поддршка за Спортски игри Велес, овојпат како генерален спонзор.
Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство споделува дека и годинава ја препозна важноста на настанот за млади-Спортски игри Велес. Токму и затоа одлучивме да бидеме генерален спонзор, кој ја овозможи реализацијата на овогодинешното издание.
По четврти пат, во периодот од 03.06 до 07.06.2025, се одржа најновото издание на „Спортски игри Велес” на неколку локации во градскиот парк. Годинава на спортските игри учествуваа повеќе од 660 млади спортисти, од кои 120 се меѓународни, со што настанот доби карактер на заедништво, културна соработка, спортска игра и тимски дух. Во рамки на настанот, учесниците се натпреваруваа во уличен баскет, фудбал, тенис, одбојка и текбол, за награден фонд од 1.000.000 денари.
Горди сме што како генерален спонзор, овозможивме одлични пет натпреварувачки денови, за сите млади луѓе кои беа дел од него. Спортски игри Велес и годинава покажа сериозност во организацијата, низ настаните кои изобилуваа со спорт, забава, тимска игра и фер натпревар. Повеќе од 25 илјади посетители беа дел од оваа убава спортска атмосфера која ги обедини младите во Велес.
Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите”, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.