Илкај Гундоан на мета на Галатасарај

64

Само една сезона по неговото враќаше во Манчестер Сити, Илкај Гундоан повторно е на излезна врата од екипата на „граѓаните“. 34-годишниот германски репрезентативец со турско потекло е мета на шампионот на Турција, Галатасарај.

Гундоан го напушти Манчестер во 2023. година и направи трансфер во Барселона. Сепак авантурата на германецот во Каталонија не помина успешно и по само една сезона тој повторно се врати во таборот на Пеп Гвардиола. Галатасарај се обиде да го донесе Гундоан во турската престолнина уште во зимскиот преоден рок, но „граѓаните“ не сакаа да го пуштат на средина на сезоната.

По сензационалниот трансфер на Лерој Сане, Галатасарај најверојатно ќе се засили и со Илкај Гундоан.

ПретходноФОТО на ДЕНОТ: Пандев навиваше за одбојкарите
СледноАдеми со промоција во Ујпешт (ВИДЕО)