Михајловски: Столе е легенда, но во овој момент Чупиќ е подобра опција!

1120

Вардар 1961 во овој момент го промовира новиот тренер, Иван Чупиќ. Прес-конференцијата ја отвори првиот човек, Михајло Михајловски, кој го претстави Хрватот, но и најави бура во „црвено-црните“ редови, а тоа е дека Стојанче Стоилов може нема да бидел дел од стручниот штаб. Неговото место во тимот „виси“.

„Столе е легенда на Вардар, многу го ценам, мислам во овој моментот не спремен да го води тимот. Вратата за него секогаш е отворена. Тој е на годишен одмор, тој е во Македонија. Дали ќе биде помошник или со некоја друга функција, ќе се договориме со него“, рече Михајловски, кој додаде дека смета дека во овој момент Чупиќ е подобар избор од Стоилов, иако двајцата немаат искуство. 

За него имаше коментар и Иван Чупиќ:

“Зборував со Столе, имавме нормален разговор, тоа што го зборевме ќе остане меѓу нас, тој е икона на клубот“. 

Михајловски не криеше дека поразот од Пелистер тешко му паднал, до таа крајност што не сакал да зборува за ракомет цела недела.

„Го освоивме Купот, за малку не се пласиравме во Лигата на шампиони. Многу сум разочаран после мечот со Пелистер, не сакав цела недела да зборувам за ракомет. Ние го победивме Пелистер на гостински терен, го победивме во Купот со битолски судии, кога дојде до мечот во Скопје, до 56 минута имавме активен резултат, но го загубивме мечот. За мене најголеми виновници беа стручниот штаб, па играчите.

Од друга страна направивме добар потег, спремивме тим Лига на шампиони. Јас сум голем оптимист за следна сезона, мора да го освоиме првото место во домашниот шампионат после три години, како и да го одбраниме пехарот во  Купот на Македонија.

Сите го памтите Чупиќ како легенда на Вардар 1961 и кога на ПСЖ во последна секунда му даде гол. Што ме натера да го ангажираме е тоа што уште како играч искажуваше тренерски амбиции, можеби како играч не е во ред. Кога се разделувавме со Вардар, не беше спорно да остане или да не остане. Тој побара да остане тренер на Вардар, што пак ми дојде како шок, бидејќи сите играчи кои го побарале тоа сум ги одбивал.

По разделбата со Милано, добив желба да го ангажираме и тоа после еден разговор. Го прашав дали сака да биде тренер, рече доаѓа одма“ рече покрај другото Михајловски.

ПретходноTаеквондо репрезентацијата на подготовки во Крушево
СледноЧупиќ одма кажал „ДА“: Вардар е мој дом! Ветувам дека ќе ја вратиме титулата!