Како што денеска беше објавено на прес – конференцијата, по долго време РК Вардар се враќа во салата “Расадник“ во Кисела Вода. Сала која во меѓувреме се реновираше и од септември, барем такви се најавите, ракометарите на некогашниот двоен европски првак своите домашни натпревари ќе ги игра во “Расадник“, додека европските мечеви следната сезона и натаму ќе се играат во салата “Јане Сандански“ во Аеродром.
Да потсетиме дека оваа сала во Кисела Вода беше некогашен дом на Вардар.
Како што истакна претседателот на клубот Михајло Михајловски, ова за сите, а посебно за него ќе биде емотивно враќање во “Расадник“. Ова се прави и поради тоа дека освен за мечевите со Пелистер и Алкалоид, салата во “Јане Сандански“ на домашните мечеви не беше полна, вака во “Расадник“ со оглед на помалиот капацитет на сите мечеви истата ќе биде полна.