Како што и беше најавено, Филип Ивиќ од денеска и официјално не е веќе член на РК Пелистер. Хрватскиот голман и македонскиот ракометен првак се договориле за прекин на соработката:
„РК Еурофарм Пелистер и ракометарот Филип Ивиќ постигнаа спогодбен договор за прекин на соработката една година пред истекот на договорот. Хрватскиот голман минатото лето пристигна во Битола од Шамбери, настапуваше во Лигата на шампионите и го освои трофејот од шампионатот на Македонија.
Клубот му се заблагодарува на Филип Ивиќ за професионалниот пристап и за придонесот во успешната сезона. Му посакуваме успех во следниот предизвик во кариерата“ се вели во соопштението на РК Пелистер.
ФОТО: РК Пелистер/ФБ