Се намалува бројот на екипи во првата кошаркарска лига

230

Раководството на кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука со која од 2026/27 бројот на прволигашки екипи во најсилната машка конкуренција ќе се намали на десет.

Одлука која што мина неколку инстанци во рамките од кошаркарските кругови. Па така, најпрво се доби „виза“ од Здружението на Прволигаши, за на вчерашната седница тоа да биде изгласано и од страна на Управниот Одбор на КФСМ.

Ова значи дека следната сезона ќе биде по стариот терк, но веќе таа по неа ќе има нов формат.

Конечно, од претстојното првенство ќе испаднат три екипи, додека од второлигашката конкуренција, прволигашки статус ќе добие само една екипа.

 

ПретходноОфицијално: Рома има нов спортски директор
СледноБутел се засили со интернационалец од Грузија