Супер дерби: Алкалоид – Охрид на стартот во новата сезона во Суперлигата!

247

Денеска беа извлечени редните броеви со екипите кои ќе настапат во ракометната Суперлига на Македонија во сезоната 2025/26, која стартува на 6/7 септември. По ова се знаат и двојките за првото коло.

Интересно, веќе на стартот ќе следиме супер дерби. Имено на Автокоманда, освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп, тимот на Алкалоид го дочекува составот на Охрид, клуб кој со сите силни засилувања во текот на изминатиот период, секако дека е еден од главните фаворити во битката за самиот врв во мак – ракометот.

Ова се двојките за 1.коло во новата сезона 2025/26 во ракометната Суперлига на Македонија:

Прилеп – Пелистер 2

МРК Куманово – Радовиш

Бутел – Пелистер

Пролет – Тиквеш

Алкалоид – Охрид

Струга – Вардар 1961

ПретходноУште еден голем гест на ФФМ: Се донираат 2000 топки во сите Општински фудбалски сојузи!(ФОТО)
Следно“Модрите“ со порака до Адеми: Драги Аки, ти благодариме! Вратата на Динамо засекогаш е отворена за тебе! (ФОТО)