Иван Чупиќ, човекот кој беше дел од златната генерација во 2017 и 2019 во Лигата на шампиони и официално е нов тренер на Вардар 1961. Тој доаѓа на местото на Гиљермо Милано.
Поранешниот хрватски ракометар единствено искуство како тренер на е клубот од родното место, Метковиќ, претодно во ППД Загреб. Тој е свесен за притисокот што го носи тренерското место на клупата на Вардар 1961 рече дека е подготвен и дека сето тоа е нормално:
„Прво да се заблагодарам на мојот тим Метковиќ кој ми дозволи да си заминам веднаш штом добив повик да бидам тренер на Вардар. За мене Вардар е втор дом. Сите многу добро знаете што значи за мене. Вардар е голем клуб, Вардар е поголем од сите нас поединци. Од прв момент почнуваме професионално и верувам дека после три години ќе ја вратиме титулата таму каде што припаѓа“, рече Чупиќ, кој најави дека ќе стори се да го врати стариот сјај и да ја врати публиката. Неговата цел е да го подигне на највисоко ниво.
Хрватскиот стратег најави дека во овој период нема да има некои ново имиња, ако се знае дека Вардар веќе ги објави засилувањата за следната сезона:
“Клубот работеше напорно околу тоа прашање и пред јас да дојдам во Вардар. Ги знам имињата на тие што ќе дојдат и можам да кажам дека сум задоволен од тимот што ќе го имам на располагање. Не ми требаат дополнителни засилувања, знам дека домашната лига и тоа како е силна, знам дека имаме сериозни ривали, но јас сметам дека подобро е да се игра и работи под притисок отколку да се нема притисок“ дополни новиот стратег на Вардар.