Јакуп Бериша со трансфер во Феризај!

167

Јакуп Бериша (25) во новата сезона ќе биде дел од тимот на Феризај, од Косово. Напаѓачот кој воедно е и “дете“ на Вардар, има настапи и за младинските селекции на Македонија, ова лето направи трансфер од Сухарека во Феризај за кого потпиша едногодишен договор, а раководството на неговиот нов клуб се пофали со овој трансфер на своите социјални мрежи.

Бериша некогаш беше голема надеж на мак-фудбалот, после Вардар кариерата го водеше низ Шкендија, Шкупи, Пелистер, Кукс, Фероникели, Сухарека и сега Феризај.

Покрај него од Македонија во Феризај членови се и Марко Јовановски, Филип Глигоров, Антонио Илиески, Валмир Нафиу и Фатјон Јусуфи.

ПретходноЛуис Енрике: Ботафого е најсилниот наш противник сезонава
СледноФРАЕРОТ Аки….(ФОТО)