Стефан Ристовски со емотивна порака се збогува со Адеми: Беше чесен, борбен, неуморен…

368

Аријан Адеми повеќе не е фудбалер на Динамо Загреб. Капитенот на „модрите“ по 15 години се прости од клубот каде испиша историја. Својата кариера ќе ја продолжи во унгарскиот Ујпешт.

Клубот се прости од својот рекордер преку официјална објава:

„Овој петок, ГНК Динамо и Аријан Адеми потпишаа спогодбен раскин на договорот, со што капитенот на модрите ја заврши својата играчка епизода на Максимир по цели 15 години.“

Адеми е најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот – освоил вкупно 24 трофеи, вклучувајќи 13 титули првак, 7 купа и 4 суперкупа. Има 110 настапи во европски натпревари, апсолутен рекордер на Динамо во таа категорија. Со 430 официјални настапи, Адеми е втор на вечната листа по број одиграни натпревари.

Емоционална порака испрати и соиграчот Стефан Ристовски:

Во секој тим постои срце. Не мора секогаш најмногу да зборува, ни најмногу да трча, но кога ќе затреба – чука најсилно. За нас, тоа си ти. Како капитен, не носеше само трака – туку и одговорност, гордост и сила. Беше водач кога се победуваше, но уште повеќе кога се губеше. Твоите зборови мотивираа, твојата борба инспирираше, а твоето присуство ни даваше сигурност.

На терен секогаш беше пример – борбен, чесен, неуморен. Надвор од терен – брат, пријател, поддршка. Капитен каков што секој тим посакува – а ние имавме среќа што беше наш.

Фала ти за секој дуел, секоја крената глава, секоја поддршка и секој соиграч. Фала што нè водеше – не само како фудбалер, туку како човек.“

ПретходноИсланд со убедлив пораз ги испрати македонските младинци во Президент Куп
СледноВардар засекогаш…. Стефан Ристовски и Методија Спасовски на една фотографија