Езџијан Алиоски, македонскиот интернационалец и репрезентативец се врати во Швајцарија по долги години и потпиша за неговиот некогашен клуб Лугано.
По епизодите во Лидс, Ал Ахли и позајмицата во Фенербахче, Алиоски се враќа во Лугано клуб во кој што му се случи и пресвртницата во кариерата.
Тогаш под водство на Зденек Земан искусниот стратег, Алиоски доби сериозна шанса истата ја искористи и стигна и до Премиер лигата.
Алиоски има 33 години во моментов, ќе видиме дали Лугано ќе му биде последната фудбалска дестинација.