Арменд Алими по 17 години повторно во дресот на Башкими!

199

Арменд Алими (37) по се изгледа дека својата кариера ќе ја заврши во својот матичен клуб, во Башкими. Искусниот играч за врска, некогашен репрезентативец на Македонија со 13 настапи, клучен играч од златните времиња на Шкендија, по цели 17 години се враќа во Башкими каде има намера со настап во ПМФЛ една сезона и да ја заврши кариерата.

Имено Алими и раководството на Башкими се во преговори за негово враќање, па останува истите да завршат успешно и тој да биде едно од најголемите засилувања во редовите на повратникот во Првата лига на Македонија.

Инаку Алими во 2008 година од Башкими направи трансфер во градскиот ривал Милано, па потоа се пресели во Истра (Хрватска). Играше во Оребро (Шведска) Неа Саламина и Ермис (Кипар), за да дојде во Шкендија во 2014 и мина успешни седум сезони во дресот на тетовци. Играше потоа и за Работнички а во последните две сезони беше дел од Беса.

ПретходноСадик пред трансфер во АЕЛ Лимасол кај Тричковски
СледноБраќата Душебаеви го напуштаат Кјелце