Откако го назначи Муарем Муарем за свој нов стратег, раководството на Башкими, повратникот во ПМФЛ, сега со сите сили се труди да го засили својот тим. Се чека потписот на Арменд Алими, а во меѓувреме продолжена е соработката со седуммина играчи.
Тоа значи дека Филип Алексовски, Самет Реџепи, Амир Јашар, Ардит Демири, Борјан Пановски, Муарем Мислими и Емир Асани и официјално во наредната сезона ќе го носат дресот на кумановскиот прволигаш.
Инаку во меѓувреме се преговара со неколку играчи за кои Башкими е силно заинтересиран да ги доведе во своите редови, сепак за тоа повеќе во следните денови.