Блаже и Иван дојдоа од Љубљана да го бодрат Вардар!

305

СпортСпорт во Раденци, Словенија – Огнен Чак Дојчиновски

Во моментов во Раденци се игра пријателската средба меѓу Вардар и шампионот на Словенија, тимот на Олимпија. Ова е втора контрола за тимот на Гоце Седлоски во текот на овие подготовки, на првата славеа вардарци со 3:0 против Будуќност.

Иако станува збор за пријателска, сепак каде и да игра Вардар во Европа, тоа е знак дека неговите фанови, Македонците, каде и да се, доаѓаат на лице место да го бодрат.No description available.

Така и Бкаже и Иван, Македонци кои живеат во Љубљана дојдоа во Раденци да навиваат за Вардар, се разбира дека тука, со нив, е и македонското знаме за уште поголема поддршка за тимот на Вардар.

Инаку Блаже и Иван се од Гевгелија, а навиваат за Вардар од мали нозе.

ПретходноЌатип Османи на клупата на Фљамуртари?!
СледноМарк Маркез со победа во спринтот во Муџело ја прослави 100.пол-позиција во кариерата!