Во Србија откриени имињата на тимовите кои местеле мечеви

430

Според информации на српскиот медиум „Блиц“, неколку кошаркарски клубови од Србија се под истрага поради сомневање за местење натпревари за потребите на обложување.

Во истрагата се вклучени Министерството за внатрешни работи на Србија, ФИБА и Кошаркарската федерација на Србија, со цел да се откријат и спречат потенцијални договарања на резултати и злоупотреби поврзани со обложувалници.

Според неофицијални информации под истрага се клубовите КК Вршац, КК Слога Ужице, како и уште неколку други клубови.

Се сомневаат дека во периодот од 2021 до 2022 година биле местени околу седум натпревари, исклучиво за добивки преку спортско обложување.

Првото основно јавно обвинителство во Белград, веднаш по добивањето на пријавата, испратило барање до Првото одделение на Управата за криминалистичка полиција (УКП) да се идентификуваат евентуалните извршители и сите лица поврзани со местените натпревари.

Истрагата е во тек, а јавноста очекува дополнителни детали и евентуални санкции во наредниот период.

ПретходноНБА ѕвездата инвестира во Пари Сен Жермен
СледноОлимпија го скрши отпорот на Вардар откако “црвено-црните” ги повлекоа главните играчи