Ги пцуеше Македонците и Србите, па остана без трансфер во Зенит!

1197

Мирлинд Даку, репрезентативецот на Албанија и тоа како се “прослави“ на ЕВРО 2024 минатата година во Германија. Имено по мечот со Хрватска, тој отиде кај своите фанови, го зема мегафонот и упати пцовки кон Македонците и Србите.

Тоа беше шок за сите во Европа, а јасно беше дека следува казна, и УЕФА го казни.

Инаку тој и натаму продолжи да го носи дресот на рускиот Рубин, иако и овој клуб го казни Албанецот за глупостите што ги направи на ЕП.

Пред неколку дена искочи информација дека Даку е блиску до трансфер во Зенит, во таборот на рускиот гигант.

Сепак тој трансфер не се реализира и тоа како казна поради минатото на албанскиот фудбалер.

Ринат Билјалетдинов, стратегот на Зенит објасни зошто Даку нема да го види Зенит и Санкт – Петербург:

Мислам дека клубот донесе вистинска одлука, со оглед на минатото на Даку. Во даден момент тоа би можело негативно да се одрази на тимот. Друга работа е зошто клубот размислувал за таков трансфер кој бил темпирана „бомба“ во соблекувалната, а јас тоа секако дека не го сакам. Да не заборавиме дека во Зенит играат неколку српски играчи, како Ераковиќ, Мисимовиќ, Здјелар..“ рече покрај другото стратегот на Зенит.

ПретходноЛевандовски сфати што се случува во Барселона и веќе одлучил каде ќе ја продолжи кариерата
СледноБашкими ја продолжи соработката со седуммина фудбалери!