Далас го прави Крис Пол стартен плејмејкер!?

90

И тоа на негови полни 40. години. Некогашната мега НБА звезда, не само што не планира да се пензионира, туку и ќе биде стартен плејмејкер на тимот на Далас, за следната сезона.

Ќе ја има таа улога барем до моментот додека Кајри Ирвинг не се опорави тотално од кинењето на предните вкрстени лигаменти.

Лејкерси исто така беа опција за Пол, но Далас планира да го грабне со оглед на фактот што Сан Антониот не планира да го задржи ветеранот.

Пол иако е навлезен во петтата деценија од животот, сепак сеуште добро котира низ НБА терените и минатата сезона имаше 8.8 поени и 7.4 асистенции во просек.

ФОТО CHRIS PAUL X

ПретходноМарковски финалист во двојки во Куршумлијска бања!
СледноИсториско понижување: САД ја победи Панама со 131:12!