Исланд со убедлив пораз ги испрати македонските младинци во Президент Куп

324

Македонската младинска ракометна репрезентација со пораз ја заврши групната фаза. Избраниците на селекторот, Раде Стојановиќ беа совладани од Исланд со убедливи 34-28 (15-14). Ова е трет пораз на Мундијалот.

Македонија продолжува во Президент Купот каде ќе се обиде да не заврши на последното 32. место.

Исланд пред средината на првото полувреме водеше со 9-5, па дојде н плус шест (11-5). Сепак нашите момци не се предадоа лесно, барем во овој дел, на одморот негативата беше 15-14.

Сликаѕа се промени во вториот дел, противникот отвори со 5-1 и поведе со 20-15. Разликата растеше од минута во минута, за разлика од првото полувреме, овој пат Стојановиќ и неговите момци не најдоа начин да се вратат, негативата беше 32-24.

Македонија во Президент Куп ќе вкрсти со групата „Е“, против Мексико и Мароко.

ПретходноМануел Куестас потпиша четиригодишен договор со Вардар
СледноСтефан Ристовски со емотивна порака се збогува со Адеми: Беше чесен, борбен, неуморен…