Кочаелиспор со понуда за Стефан Ристовски

670

Според пишувањата на хрватски „Спортске Новости“, екс-македонскиот репрезентативец Стефан ристовски, кој штотуку ја заврши соработката со екипата на Динамо (З), кариерата би можел да ја продолжи во Турција.

Весникот од свои извори дознава дека до агентот на Ристовски е пристигната понуда од екипата на Кочаелиспор. Понудата се разгледува, но најверојатно Ристовски ќе почека со прибирање на понуди пред да ја донесе конечната одлука за својот нов клуб.

ПретходноВардар подготвен за вториот тест во Словенија, денеска против Олимпија (ФОТО)
СледноАлиоски се врати во Лугано