КФСМ со мега проект: На местото на СРЦ „Кале“ да се изгради модерна Арена!

168

Еден од главните приоритети за новото раководство на КФСМ ќе биде спроведување на стратегија за развој на кошарката, која дефинитивно од година во година бележи поразителен тренд.

Првите луѓе на нашата „куќа на кошарката“ по примерот на европските земји имаат изготвено мега проект за изградба на нова сала на местото на сегашната СРЦ „Кале“. Нацрт проектот кој веќе е подготвен и претставен на ресорниот министер во Владата на РМ вклучува изградба на модрен спортски објект на две нивоа. Тој ќе вклучува една мултифункционална сала за сите спортови, додека горниот дел ќе биде модерна Арена и истата ќе се користи само за кошарка.

Ваков пример на сали има секаде низ Европа и тоа во многу помали градови. Покрај главна Арена, истите поседуваат помали сали каде тренираат младите категории. Клаипеда, градот каде што гостуваше Македонија, поседува неверојатно добар објект во стилот на нацрт планот на новото раководство на КФСМ. Во земјата каде кошарката е спорт број еден се работи на овој начин, особено со младите категории.

„Нам не ни е важно кој ќе стопанисува со тој обејкт, најважно е проектот да биде реализиран. Истиот е претставен на ресорниот министер при Владата на РМ и засега имаме поддршка за негова релизација. Сегашната сала „Кале“ не ги исполнува критериумите за натпреварување под капата на ФИБА. Во овој краток период работевме на санирање на одредени работи кои претставувале опаснот за сите. Новата сала ќе биде кошаркарски дом, на овој начин ќе можеме да направиме важни чекори за развој на овој спорт“, рече на брифингот со новинарите претседателот на КФСМ, Томица Главчев, кој со неговите соработници планираат во следниот период да искоренат многу стари навики кои придонесуваат кошарката да оди чекор назад.

Кога сме кај салите, покрај изграда на модерна Арена на местото на сегашната „Кале“, челниците на КФСМ нема да дозволат прволигашка кошарка да се игра во сали кои не ги исполнуваат условите. Една од салите во која нема да се игра Првата лига ќе биде „Независна Македонија“. Не беше многу одамна кога Работнички во полуфиналето на плеј-офот играше против ТФТ. Тогаш поради нефункционалноста на оваа сала имаше забрана за гостински навивачи, што пак наиде на бројни критики особено ако се земе во предвид дека овие два тима се бореа за место во финалето, а интересот за следење беше далеку поголем од еден обичен меч во Првата лига. Па наместо да се наполнат трибините и да се врати старата навика на следење на кошаркарските мечеви, сето ова носи спротивен ефект.

ПретходноАлиоски се врати во Лугано
СледноМладинците против Исланд за враќање на самодовербата пред преселбата во Президент Купот