Роберт Левандовски, кој во Барселона пристигна пред три години и се покажа како одлично засилување, веќе е во завршната фаза од својата кариера. Иако полскиот напаѓач и понатаму има добри настапи, раководството на Барселона веќе размислува за долгорочна замена во нападот.
Нов тренер на клубот, Ханси Флик, побарал од управата да не брза со доведување нов напаѓач. Тој верува дека Левандовски може да одигра уште една квалитетна сезона, а како алтернатива го има и Феран Торес.
Иако договорот на Левандовски предвидува можност за продолжување на уште една сезона по следната, јасно е дека тоа нема да се случи. Според шпанските медиуми, самиот Левандовски ја донел одлуката да го напушти клубот на крајот на следната сезона.
Полјакот е свесен дека по следната сезона повеќе нема да биде прв избор во нападот и нема намера да ја заврши кариерата седејќи на клупа. Затоа веќе почнал преговори со клубови од Саудиска Арабија.
Медиумот „Спорт“ од Каталонија открива дека 36-годишниот Левандовски веќе дал зелено светло на неколку саудиски клубови за почеток на преговори. Заинтересирани се Ал Наср и Ал Хилал, кои му нудат огромен финансиски пакет, а на Полјакот му се допаѓа идејата да ја заврши кариерата токму таму.
Иако ќе остане дел од Барселона уште една сезона, практично е сигурно дека Левандовски во летото 2026 година ќе се пресели на Блискиот Исток, со што ќе стави точка на европската фаза од својата славна кариера.