Аргентинскиот интернационалец, Мануел Куестас, кој што е дел од тимот на Вардар веќе шест, месеци, во тренинг базата во Раденци, Словенија каде што „црвено – црниот“ состав во моментов се наоѓа на подготовки, го потпиша својот четиригодишен договор.
Куестас има 20. години и е перспективен млад стопер. Тој немаше право на настап се досега, поради големиот број на странци во тимот, но летово се отвора простор во ростерот и за него.
Тој напорно работеше сиот овој изминат период и заслужи договор со кој што ќе биде дел од Вардар во следниот период.