Македонскиот тенисер Обрад Марковски заедно со Никола Јовиќ од Србија ИТФ фјучрс турнирот М15 Куршумлијска Бања го завршија како финалисти откако денеска во финалето беа поразени од третите носители Николас Бруно од Чиле и Латуро Аугустин Фалабеа од Аргентина со 2-0 во сетови (76 (5) и 63). Ова за Марковски беше исклучително важен настап во конкуренција на двојки особено што минатата година на истиот турнир ја освои титулата.
На патот до финалето македонско-српската комбинација Марковски – Јовиќ во првата рунда беа сигурни против Винсент Јохан Страуч (Германија) и Николас Ван Акен (Јужна Африка) и го совладаа со 2-0 во сетови (62 62). Во четвртфиналето беа пред победа против Виктор Марков од Бугарија и Амадор Салазар од Чиле. Првиот сет Марковски и Јовиќ го добија со 6:1 во гемови, а во вториот водеа со 5:4 во гемови. Во полуфиналето тенисерите од Чиле Алехандро Банкалури и Бенџамин Игнасио Торес Фернандес со 2-0 во сетови (61 61).
ФОТО: Тениска федерација на Македонија