Марк стартуваше од пол позицијата, 100-ти пат во неговата кариера, и славеше во спринтерска трка на познатата патека во Муџело. Ова е осма спринтерска победа за постариот Маркез на Дукати оваа година. На подиумот се најде и неговиот помлад брат Алекс, како и за неговиот клупски колега Франческо Бањаја
На чело на колоната беше Алекс откако го престигна Бањаја, кој беше во водство откако Марк имаше побавен старт, но сè беше решено веќе во четвртиот круг кога Марк успеа да се пробие напред и потоа безбедно да ја заврши трката. Бањаја успеа во последните два круга да им одолее на обидите на Маверик Вињалес да го загрози и да го задржи третото место.
Трката во недела е закажана од 14 часот.
ФОТО: Мото ГП/Х