НБА ѕвездата инвестира во Пари Сен Жермен

24
Фото: Феникс Санс/Твитер

Кевин Дурент стекна малцински удел во Пари Сен Жермен, во партнерство со Qatar Sports Investments (QSI), потврдија катарските сопственици на францускиот клуб.

Инвестицијата е направена преку компанијата на НБА ѕвездата, Boardroom, и означува значајна соработка помеѓу спортистот и QSI (Qatar Sports Investments), мнозинскиот сопственик на Пари Сен Жермен.

Договорот предвидува стратешко и инвестициско партнерство помеѓу QSI и Boardroom, медиумската и инвестициска компанија на Дурает, која тој ја основал со својот близок соработник и претприемач Рич Клајман. Преку ова партнерство, Дурант стекнува директен малцински удел во Пари Сен Жермен.

Од август 2024 година, Дурент е индиректно вклучен во клубот преку Arctos Partners, кој поседува малцински удел во Пари Сен Жермен. Новиот договор помеѓу Qatar Sports Investments и Boardroom Sports Holdings – личната инвестициска гранка на Дурант – ја зацврстува неговата директна инвестиција во клубот.

Соработката се протега и на комерцијално и стратешко ниво, вклучувајќи:

– Развој на комерцијални производи и оригинална содржина (медиуми и стока)

– Консултантска поддршка во комерцијалната стратегија на Пари Сен Жермен во Соединетите Американски Држави и на меѓународните пазари

– Учество во формирањето на мултиспортската стратегија на клубот, со можни идни проекти во кошарката

„Кевин Дурант, двократен шампион во НБА, четирикратен олимписки шампион, MVP и петнаесеткратен учесник на All-Star натпреварот, ги здружува силите со еден од најпрепознатливите фудбалски клубови во светот, дополнително зајакнувајќи го глобалниот профил на Пари Сен Жермен и неговата стратегија за проширување на нови пазари“, се вели во соопштението на QSI.

ПретходноМарк Маркез со победа во спринтот во Муџело ја прослави 100.пол-позиција во кариерата!
СледноВо Србија откриени имињата на тимовите кои местеле мечеви