Олимпија го скрши отпорот на Вардар откако “црвено-црните” ги повлекоа главните играчи

771

СпортСпорт во Раденци, Словенија – Огнен Чак Дојчиновски

Тимот на Вардар денеска го одигра вториот пријателски дуел на подготовките во Раденци, Словенија, овојпат против домашниот состав на Олимпија. По стартниот триумф над Будуќност од Подгорица со 3:0, овојпат доживеан е првиот пораз со конечни 2:0.

Во првиот дел одиграни и повеќе од солидни 45. Минути во кој и Вардар но и противникот имаа по неколку ситуации пред противничкиот гол. Сепак, мрежите мируваа до паузата.

Во вториот дел, Олимпија излезе со сосема нови единсесет играчи, кои одиграа исто така агресивно и мотивирачки како и стартниот тим. Тоа вроди со плод во 70. минута од мечот кога Диого Пинто, искористи една ситуација пред голот на Вардар и реализираше за водство.

До крајот Вардар и покрај желбата да стори нешто повеќе пред противничкиот гол сепак, не успеа да обезбеди барем реми. Напротив, во самиот финиш противникот по еден брз контра напад, најпрво ја погоди гредата, а потоа од одбиена топка, реализираше за 2:0, преку Алекс Там.

Следниот меч кој Вардар го игра на подготовките во Раденци, Словенија, е оној против тимот на Марибор на 24 јуни.

Вардар: Талевски, Јанкулов, Матиќ, Најдовски, Маневски, Босанчиќ, Тодоровски, Спахиу, Омерагиќ, Дурански, Закариќ

Играа уште: Мишковски, Талевски, Цикарски, Николовски, Марковски

 

ПретходноВо Србија откриени имињата на тимовите кои местеле мечеви
СледноШкендија убедливо поразена од Копер, Работнички и Силекс повторно одиграа без победник!