Полупразни трибини: Колку навивачи досега го гледаа Светското клупско првенство?

203

Полупразни трибини се една од главните теми на Светското клупско првенство, кое организаторите го претставија како „најголемото“ натпреварување за „најпосакуваниот трофеј“.

Вкупно 556.369 гледачи присуствувале на 16-те натпревари од првата рунда на Светското клупско првенство во САД, што е просек од 34.773 луѓе по натпревар. Во исто време, арените пријавени за турнирот се исполнети во просек од само 56% од нивниот вкупен капацитет.

На натпреварот Челзи-Лос Анџелес беа продадени само една третина од седиштата, а дури и на домашниот натпревар на Сиетл беше продаден само 44% од капацитетот на стадионот.

„Мислам дека атмосферата беше малку чудна, стадионот беше повеќе празен отколку полн“, изјави менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, по натпреварот.

За да ја подобрат телевизиската слика, на некои натпревари се продаваа билети само за одредени сектори – за да се зголеми густината на навивачите. На други, ги поместуваа гледачите поблиску до теренот (до седишта поскапи од билетите што ги купиле). А билетите беа продавани претходниот ден по цена многу пониска од оригиналната цена – па пет минути пред натпреварот пмеѓу Улсан и Мамелоди Сандаунс, билетите официјално чинеа 18 долари (пред тоа, најевтините биле 36 долари).

ПретходноСанто останува на клупата на Нотингем Ф. уште три сезони
СледноГрците бурно реагираа на најавеното бришење на „Северна“ од Кошаркарската федерација на Македонија