Попладнево во Словенија, во пријателски меч, тимот на Шкендија на својата втора контрола во текот на овие летни подготовки, беше убедливо поразена од словенечкиот прволигаш Копер, и тоа со 0:4. Стрелци на головите за победничкиот тим беа Суле во 18.минута, Сидибе во 48., Монсери во 51. и Јуриќ во 61.минута, Без разлика што тренерот на нашиот шампион Јетон Беќири комбинираше со составот, сепак ова е непријатно изненадување за тетовскиот клуб.
Во Скопје попладнево повторно во пријателски меч ова лето силите ги одмерија Работнички и Силекс. Ако пред неколку дена во Кратово беше 0:0, денеска резултатот гласеше 1:1.
ФОТО: НК Копер/ФБ