Садик пред трансфер во АЕЛ Лимасол кај Тричковски

297

Според медиумите во Кипар, тимот на АЕЛ Лимасол, каде што прв оперативец, односно спортски директор е нашиот Иван Тричковски, е сериозно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Работнички, Рашид Садик.

Овие шпекулации се уште повеќе поткрепени со фактот што предмалку самиот Работнички му се заблагодари на нигерискиот интернационалец, кој очигледно си заминува.

Тој веќе извесен период настапуваше во Македонија, најпрво за тимот на Скопје, а потоа еве успешно и за екипата на Работнички, па добрите негови игри допреа и до Кипар.

Рашид во моментов има 25. години и има искуство со играње покрај во Македонија и нормално во матичната Нигерија, и во Данска односно Русија.

Кипарскиот шампионат, за играчите од ПМФЛ често е посакувана но и реално достапна дестинација. Доста играчи од кај нас заминаа да играат таму, и тоа го направија со успех.

Рашид беше во тимот на сезоната според Спортспорт.

https://www.facebook.com/share/r/1FyzW8Dkp9/

 

ПретходноМладинците против Исланд за враќање на самодовербата пред преселбата во Президент Купот
СледноАрменд Алими по 17 години повторно во дресот на Башкими!