Екипата на Силекс продолжува со градење на составот за новата сезона. Раководството на клубот го продолжи договорот со Дарко Анѓелески, кој е назнчен за прв капитен на тимот.
Анѓелески во претходните три сезона за клубот настапи на 82 натпревари во Прва МФЛ, постигнувајќи 2 гола и 5 асистенции.
Вчера Силекс го потпиша 19-годишниот напаѓач Омар Беровиќ.
Силекс ќе игра квалификации во Конференциската лига, во првото коло е ФК Дечиќ (Црна Гора), првиот натпревар ќе се одигра на 10 јули на гостински терен, додека реваншот е за седум дена (17 јули) во Скопје.
Работнички во меѓувреме потпиша двегодишен договор со Џелил Асани.