Мамелоди – Дортмунд 3:4 е крајниот скор од мечот од 2.коло во групата Ф на Светското клупско првенство. Очекувана победа на “Милионерите“, на германскиот гигант, со кои се на чекор до втората фаза од ова СКП.
Сепак не беше така едноставно и лесно за Дортмунд, ако се знае дека тимот од Јужна Африка поведе со 1:0 и тоа со голот на Рибеиро во 11.минута. Сепак следуваа три гола за Дортмунд за водство од 3:1 и со на Нмеча во 16.минута, Гираси во 34. и на Џоб Белингем во 45.минута, ова беше деби гол на братот на Џуд Белингем во дресот на германскиот состав.
Веќе во 59.минута Дортмунд имаше и 4:1, откако Мундау си даде автогол.
До крајот на мечот Мамелоди успеа да намали и тоа преку Рејнерс во 62.минута, на 4:2. И тоа не беше се, во 90.минута Мамелоди со уште еден гол ги постави конечните 4:3, гол кое беше дело на Мотиба. Сепак и покрај овој пораз, Мамелоди има 3 бода и шанси за пласман во следната рунда, ама треба да игра со Флуминенсе во последниот меч од групата.