СКП: Интер во финишот се спаси од срам! Лаутаро и Карбони за победа против Урава! (ВИДЕО)

56

Интер – Урава 2:1 во меч од 2.коло во Е на СКП. Победничкиот гол и тоа во 90+2, беше дело на Карбони за победа на италијанскиот гигант.

Се играше 78.минута а резултатот беше 0:1 за јапонската Урава, кога по капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез изведе магија и топката, која беше изведена од корнер, ја смести во мрежата на противникот за 1:1. Со тоа Аргентинецот како да ја подигна својата екипа, која на крајот сепак победи и се спаси од нов шок.

А можеше и тоа како да биде поинаку, ако се знае дека Јапонците поведоа со голот на Ватанабе во 11.минута откако Канеко просто си поигра со одбраната на италијанскиот гигант.

После тој гол на теренот на стадионот во Сиетл, Интер тргна на се или ништо, имаше повеќе шанси за гол, Лаутаро ја погоди и пречката, но на пауза се замина со тие шокантни 0:1 за јапонскиот клуб.

Во второто полувреме Интер имаше иницијатива, но Урава од контранапади и тоа како беше опасна, во 70.минута Ватанабе можеше да донесе и 0:2, но сепак казната стигна неколку минути подоцна на другата страна кога Лаутаро со прекрасен гол го спаси својот Интер му донесе израмнување, а Карбони во втората минута од судиското продолжение му донесе и победа на европскиот вицешампион.

ФОТО: ФЦ Интер/Х

ПретходноЈуве и Наполи во “битка“ за Санчо!