По се изгледа дека Ќатип Османи, еден од нашите најтрофејни стратези во ПМФЛ, повторно ќе има тренерски ангажман во Албанија. Откако пред повеќе од една години тој ја предводеше Влазнија, сега медиумите во таа земја, пренесуваат дека Ќато бил сериозен кандидат за нов стратег на Фљамуртари.
Инаку да потсетиме дека еден од директорите во тој клуб е Артим Положани.
Раководството на Фљамертари имало разговори со екс – селекторот на Албанија, Џани де Бјази, потоа и со Серсе Козми, но не успеало да се договори со овие двајца стратези па така сега Ќато бил еден од кандидатите.
“СпортСпорт“ разговараше со Османи кој ни кажа дека има интерес и некои комнтакти, но засега сеуште нема официјални преговори.
Да потсетиме дека Ќато беше тренер во Шкендија со која освои три титули, беше и во Ренова, Шкупи и Струга ТЛ, а беше и во Влазнија (Албанија).