Аријан Адеми и официјално е нов играч на тимот на Ујпешт. Тренерот на овој тим, Дамир Крзнар инсистираше на доведување на нашиот интернационалец, а вечерва се случи и официјалната промоција.
Унгарскиот тим ќе биде втората интернационална авантура за Адеми, ако се земе во предвид дека тој е израснат во Хрватска. Првата беше онаа во Кина која што траеше реално и кратко.
Оваа пак, се надеваме дека ќе биде далеку поуспешна за Адеми, барем делимично како онаа во Динамо Загреб. Таму Адеми прерасна во вистинска легенда на тимот, со статус на еден од највлијателните капитени, и играч кој слободно може да се каже дека бил движечка сила на „Модрите“.