Баерн ја победи Бока пред 65.000 гледачи во Мајами (ВИДЕО)

215
фото: FC Bayern (X)

Баерн Минхен ја победи Бока Јуниорс со 2-1 на стадионот „Хард Рок“ во Мајами и се пласираше во нокаут фазата од Светското клупско првенство. Натпреварот од групата Ц се играше пред 65.000 гледачи. Хари Кејн им донесе водство на Баварците во 18-тата минута, а на средината од второто полувреме Мигел Мерентиел израмни. Мајкл Олисе го постигна победничкиот гол за Баварците во 84-тата минута.

Два гола за германскиот шампион беа поништени, еден ма Олисе во 10-тата минута и Конрад Лајмер кон крајот на натпреварот. Лошата вест за Баерн е новата повреда на Џамал ​​Мусијала. Германскиот репрезентативец влезе во игра десет минути по паузата, но мораше да биде заменет, а степенот на неговата повреда е напознат.

Тунискиот тим Есперанс го шокираше Лос Анџелес ФК, победувајќи го со 1-0 во натпревар од Групата Д на Светското клупско првенство во Нешвил, Тенеси. Поразот значи и крај на учеството на американскиот тим во натпреварувањето. Алжирскиот интернационалец Јусеф Белаили го постигна победничкиот гол за Есперанс во 70-тата минута.

ПретходноЛиверпул и Кристал Палас на 10 август ќе се сретнат во Комјунити Шилд купот
СледноСанто останува на клупата на Нотингем Ф. уште три сезони