Браќата Душебаеви го напуштаат Кјелце

381

Во Полска стигна шокантна информација за фановите на Кјелце. Браќата Алекс и Даниел Душебаеви планираат да ја завршат својата мисија во овој тим. Нивните договори ќе завршат на лето во 2026 година, по што шпанските ракометари ќе браат нова средина.

Тие често пати беа на мета на критика бидејќи нивниот татко Талант Душебаев беше тренер на Кјелце. На оваа тема кратко проговори и самиот Талант.

„Долги години слушамм дека Алекс и Дани играат за Киелце само затоа што јас сум им татко. Беа жестото критикувани, најчесто неправедно, но дојде време да се каже збогум, кога договорите ќе им истечат. Верувам дека двајцата ќе немаат никакви проблеми да најдат нов клуб и да продолжат со добри настапи во иднина“, изјави Талант Душебајев.

И за двајцата ракометари сигурно ќе има бројни понуди. Алекс Душебаев во Кјелце дојде од Вардар во 2017 година, додека неговиот брат од Атлетико Валјадолид.

ПретходноАрменд Алими по 17 години повторно во дресот на Башкими!
СледноМбапе сепак нема да биде во составот на Реал Мадрид